Проблем за Јунајтед: Хојлунд во „аут“ 2-3 недели

Играчот на Манчестер Јунајтед, Расмус Хојлунд ќе мора да паузира 2-3 недели, откако заработи повреда. Од клубот ја потврдија информацијата, но не кажаа како дошло до повредата и колку точно ќе паузира Данецот.

Ова ќе биде голем хендикеп за тимот од Олд Трафорд, со оглед дека напаѓачот беше најдобар играч за клубот од Манчестер во 2024 година, и во пет меча постигна шест гола и 2 асистенции.

„Хојлунд доби повреда на мускул, и ќе паузира 2-3 недели“, соопштија од прес службата на Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...