Рафаел Варан ги замрси сметките на раководството на Манчестер Јунајтед испраќајќи јасна порака дека нема намера да се пресели во Саудиска Арабија, иако „црвените ѓаволи“ веќе имаа успешни преговори за да го продадат искусниот дефанзивец во оваа земја.
Финансискиот ферплеј е причината поради која Јунајтед мора најпрвин да продава пред да може да доведе нови фудбалери, а Варан беше меѓу првите на листата на оние кои се на излезна врата, пред се поради фактот дека договорот му истекува во јуни 2024, па ова воедно е и последна шанса да се заработи од неговата продажба. Англискиот премиерлигаш се надеваше на најмалку 30 милиони отштета од Саудиска Арабија, но одговорот на Варан бил дециден.
„Саудиска Арабија не е опција, тој им го соопшти тоа на клупските директори. Ако треба да си замине, тоа ќе биде во друг европски клуб“, велат извори блиски до дефанзивецот.
Проблемот е што ниту еден од останатите заинтересирани клубови не нуди повеќе од 10 милиони евра, а Реал Мадрид, кој важи за лидер во оваа трка, испрати понуда само за позајмица на Варан до крајот на сезонава, по што тој би можел како слободен играч да си замине од „Олд Трафорд“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА