Играчот од средниот ред на француската репрезентација Адриен Рабио, е подготовен да го продолжи договорот со Јувентус, но само доколку му биде зголемена платата.
27-годишниот фудбалер кој во моментов заработува 7 милиони евра годишно, плус 2 милиони бонуси, сега неговиот агент и неговата мајка бараат платата да биде зголемена на 10 милиони плус бонуси.
На крајот на оваа сезона Рабио е слободен фудбалер, со оглед дека му истекува договорот. Клубови од Премиер-лигата веќе изразија желба да го ангажираат бесплатно од идната сезона, а Рабио моментно е најблиску до преселба во Лондон, откако доби интересни понуди и од Тотенхем и од Челси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА