Проблем за Јувентус: Камбијасо доби суспензија од два меча

Фудбалерот на Јувентус, Андреа Камбијасо е суспендиран на два натпревари откако беше исклучен на натпреварот против Парма.

Дефанзивецот на „бјанконерите“ доби црвен картон во натпреварот од првото коло од Серија А (2:0) за удар во лицето на играчот на Парма, Матијас Левик по натпреварот.

Камбијасо доби суспензија од два натпревари поради „удирање на противнички играч во лице кога топката не беше во игра“, објави „Кориере дело Спорт“, повикувајќи се на извештај од судијата.

Така, фудбалерот ќе ги пропушти натпреварите на Јувентус со Џенова и Интер во италијанското првенство. Натпреварите ќе се играат на 31 август и 13 септември.

Се вчитува...