Ливерпул ќе биде ослабен за утрешниот дуел на „Енфилд“ против Хадерсфилд откако беше обелоденето дека Филипе Кутињо не се рехабилитирал од повредата на мускулот што го мачеше во изминатата седмица.
Бразилецот се пожалил на болка по дуелот со Тотенхем, па откако во последните денови воопшто не тренираше денеска беше обелоденето дека тој сигурно нема да игра утре на „Енфилд“ против Хадерсфилд, а крајно неизвесно е дали ќе може да настапи на следните средби против Марибор и Вест хем.
Покрај Кутињо, Клопе нема да може да смета ниту на повредените Мане, Лалана и Клајн, а шанса во стартниот тим би требало да добие Даниел Стариџ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА