Ливерпул го остава зад себе разочарувачкото реми со Манчестер Јунајтед, а „црвените“ веќе следниот викенд ги очекува уште еден тежок меч, на домашен терен против лидерот Арсенал.
Јирген Клоп има сериозни главоболки во пресрет на овој дуел, особено ако се знае дека Алексис Мекалистер уште извесен период ќе биде надвор од тимот. Аргентиенцот требаше да се врати на тренинг веднаш по дуелот со Јунајтед, но рехабилитацијата не оди во посакуваното темпо. Според последните информации, овој фудбалер за врска ќе биде „во аут“ најмалку до почетокот на новата година, што би значело дека нема да може да настапи против Арсенал, но и потоа на гостувањето во Барнли на „Боксинг деј“ и на дерби дуелот со Њукасл закажан за 1 јануари.
Проблемите се уште поголеми ако се знае дека на дербито со Јунајтед повредата заработи и Рајан Гравенберх. Деталните прегледи ќе покажат колку ќе изнесува паузата на Гравенберх, но истата речиси сигурно нема да биде пократка од две седмици, па јасно е дека Клоп ќе има сериозни проблеми за составување на тимот во згуснатиот празничен распоред.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА