МЗТ Скопје вечерва го игра натпреварот од АБА2 лигата против Сплит, на кој тренерот Кочов се соочи со нов проблем. Имено, Иве Иванов во првото полувреме од мечот заработи незгодна повреда на скочниот зглоб, откако при доскок по еден офанзивен скок нагази на нога на противнички играч, потоа изнудувајќи и прекршок во натамошниот дел од акцијата.
Хрватот се обиде да го продолжи мечот, но набрзо потоа беше повлечен од игра, по што стана јасно дека тој нема да биде во можност да продолжи.
Иванов го следи второто полувреме од клупата со мраз на повредениот зглоб, а по деталните прегледи ќе биде познато колку ќе изнесува неговата пауза од терените. Едно е сигурно, станува збор за многу важен играч во ротацијата на тренерот Кочов, чија помош ќе му биде неопходна за вечното дерби со Работнички што ќе биде на програмата за десет дена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА