Проблемите на „вардарци“ со повредите на дел од важните ракометари продолжуваат и во пресрет на денешниот дуел со Мешков Брест, на кој тренерот Кокшаров нема да може да смета на услугите на Кристијан Дисингер.
Германскиот бек веќе подолго време влече незгодна повреда, тој отпатува со тимот во Белорусија, но не ги мина последните тестови, по што беше решено денешниот дуел да го следи од трибините. Со тоа уште повеќе се истенчува позицијата лев бек, ако се знае дека за Брест не отпатува ниту Горбок, од поискусните единствена опција останува Атман, а не се исклучува можности во делови од денешниот меч како бек повторно да се експериментира со Дибиров.
Добра вест е што во екипата на „црвено-црните“ се враќа Криштопанс, кој ги пропушти претходните дуели со Киелце на кои Вардар забележа едно реми и еден пораз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

