Антонио Конте се соочува со сериозен проблем пред продолжението на премиерлигашката сезона откако Ришарлисон повреден се врати назад во тренинг-комплексот на Тотенхем.
Бразилскиот напаѓач имаше добар настап на СП во Бразил, каде беше стартер на речиси сите средби на „кариоките“ и се очекуваше рамо до рамо со Кејн и со Сон да биде кошмар за дефанзивците ширум Англија. Сепак, тој пристигна жалејќи се на повреда на мускулот, а во таборот на Тотенхем стравуваат дека станува збор за кинење на мускулни влакна.
Деталните прегледи се веќе извршени, а Конте и неговите најблиски соработници со нетрпение ги очекуваат резултатите, стравувајќи од пауза од најмалку еден месец.
Тотенхем во првиот меч по мундијалската пауза ќе му гостува на Брентфорд, по што ќ следат и дуели со Астон Вила и со Кристал Палас. За Конте многу важно да го има Ришарлисон во тимот за средината на месец јануари, кога во рок од неколку дена Тотенхем најпрвин ќе го пречека лидерот Арсенал, а потоа ќе му гостува на шампионот Манчестер Сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА