Англискиот репрезентативец Џуд Белингем, ќе го нема на терените околу еден месец. Англичанецот доби повреда поради која ќе мора да оди на пауза, а се очекува да се врати после репрезентативните обврски, односно на средината на септември.
Тоа значи дека Анчелоти нема да смета на негто на дуелите со Ваљадолид на домашен терен, Лас Палман на гости, и со Бетис на „Сантијаго Бернабе“. Ако биде се во ред, играчот од средниот ред ќе биде во комбинација на мечот со Реал Сосиедад на гости на 15. септември.
И натаму е неизвесно дали ќе биде во комбинација за англиската репрезентација за дуелите so Република Ирска и Финска во Лигата на Нации, но се чини дека „Гордиот Албион“ ќе мора без него на овие два натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА