Тимот на Лос Анџелес клиперс се соочува со сериозен проблем по повредата што Расел Вестбрук ја заработи на последниот меч против Вашингтон.
Клиперси рутински славеа со убедливи 140-115, но останаа без еден од своите клучни играчи откако Вестбрук се здоби со скршеница при еден обид да му ја украде топката на Џордан Пул.
Веднаш стана јасно дека повредата не е наивна, плејмејкерот мораше да го напушти теренот, а според првичните информации паузата ќе изнесува најмалку еден месец.
Расел Вестбрук настапи на сите натпревари на ЛА клиперс по трансферот од градскиот ривал ЛА лејкерс. По доаѓањето на Џејмс Харден искусниот Вестбрук веќе ја немаше улогата на стартер, но сепак имаше одлични бројки од 11,1 поени, 5,2скокови и 4,5 асистенции по натпревар, по просечни 23 минути по меч.
Not even a grimace to spot on Russell Westbrook face after he broke his hand
Iron man 😤 pic.twitter.com/ilppoh20mn
— Beastbrook (@Beastbr00k0) March 2, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

