Проблем за Лацио – Луис Алберто мораше итно на операција

Симоне Инзаги се соочи со неочекуван проблем откако тренерот на Лацио за наредните неколку натпревари го загуби Луис Алберто. Шпанскиот плејмејкер беше најдобар поединец во големата победа на градското дерби против Рома, но во текот на вчерашниот ден се пожалил на болка во пределот на стомакот.

Прегледите покажале проблем со слепото црево поради што Алберто веднаш морал да биде опериран. Хируршкиот зафат минал во најдобар ред, но сега на Шпанецот му претстои целосно мирување од најмалку една седмица.

Тој ќе го пропушти утрешниот дуел од Купот на Италија со Парма, нема да биде во комбинација ниту за калчолигашката пресметка со Сасуоло, а речиси сигурно нема да настапи ниту на дербито со Аталанта закажано за 31. јануари.

Се вчитува...