Проблем за Лазаров: Јагуриновски отпадна за стартот на квалификациите

Македонската ракометна репрезентација денеска го имаше првиот собир во пресрет на почетокот од квалификациите за ЕП 2026, а селекторот Кире Лазаров веднаш се соочи со сериозен проблем.

Томи Јагуриновски во изминатиот период се мачеше со повреда на грбот и при изминатиот период во Вардар, па заеднички е донесена одлука тој да добие време за мирување и целосна рехабилитација.

„Јагуриновски нема да може да ни помогне, на негово место дополнително е повикан Давид Савревски. Ме радува што од самиот почеток на овие кратки подготовки сме комплетни  и ќе можеме да одработиме квалитетно во пресрет на овие две средби“, изјави селкторот Кире Лазаров.

Се вчитува...