Проблем за Лазаров, но и за Е. Пелистер: Се повреди Цветан Кузманоски

ЕКИПА во Солун,

Стеван Цаневски

Македонската ракометна репрезентација денеска го игра и вториот дуел од двомечот со Грција, натпревар за кој селекторот Кирил Лазаров нема да може да смета на услугите на Цветан Кузманоски.

Левото крило се здоби со незгодна повреда на прстот, а деталните прегледи извршени во Солун покажале дека станува збор за мала пукнатина, по што Кузманоски ќе мора да паузира извесен период.

Ова е сериозен проблем и за македонскиот првак Еурофарм Пелистер, кој нема да може да смета на репрезентативецот на неколку натпревари од Лигата на шампионите што битолчани ќе ги играат во наредниот период.

Се вчитува...