Проблем за Македонија: Без Магдевски и Хап на првиот натпревар против Литванија

Ноемврискиот прозорец во квалификациите за Евробаскет 2025 за Македонија носи два интересни дуели против фаворизираната Литванија.

На првиот од нив кој ќе биде одигран во четврток со почеток од 18 часот во СРЦ „Кале“, македонската репрезентација ќе биде далеку поослабена бидејќи покрај тоа што нема да може да смета на услугите на лидерот од претходниот прозорец Ненад Димитријевиќ поради клупските обврски, дел од составот нема да биде ниту Андреј Магдевски.

Бекот на МЗТ Скопје ќе го пропушти овој натпревар поради повреда, а медицинскиот тим ќе се обиде да му помогне да ја надмине повредата за втората средба.

„Имавме разговор со Магдевски. За жал нема да настапи на првиот натпревар. Медицинскиот тим ќе се обиде да го приспособи да биде дел од екипата на вториот натпревар“, изјави селекторот Јончевски.

Изборот за натурализиран играч падна на Итан Хап, но и тој нема да биде дел од „црвено-жолтиот“ состав. Крилниот центар ќе пристигне во Скопје денеска, а се очекува да биде дел од составот за вториот меч во Литванија.

Се вчитува...