Манчестер Јунајтед се соочува со нов проблем со повреди откако бразилската репрезентација во последен момент го промени составот каде го отпиша Касемиро поради повреда и го замени неговото место со фудбалерот на Порто, Доривал Џуниор.
Во соопштението на фудбалската федерација на Бразил не се наведува сериозноста на повредата, но јасно е дека поради неа „црвените ѓаволи“ нема да можат да сметаат на еден од најискусните во тимот за денешната средба против Ливерпул во ФА Купот, средба која е од големо значење за некогашниот славен англиски тим.
Повредата на Касемиро доаѓа пред репрезентативната пауза во која Бразил ќе одигра два пријателски натпревари со Англија и Шпанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА