Италијанскиот калчолигаш Милан денеска ги започна активностите со лекарски прегледи на фудбалерите за коронавирусот, а од утре треба стартуваат и со тренинзи. Сите што ќе добијат негативен тест ќе можат да тренираат, но составот сепак не е комплетен. Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ и понатаму е во родната земја и нема намера набрзо да се врати во Милано.
Доколку Ибракадабра се врати на „Сан Сиро“, ќе мора 14 дена да мине во карантин пред да добие дозвола за следните активности, а италијанските медиуми тврдат дека тој во моментот не е расположен за таков чекор. Дури и извршниот директор Иван Газидис не сака да инсистира и да му нареди, затоа што се уште води преговори со него за да остане во Милан и следната сезона.
Покрај Ибрахимовиќ, во „Миланело“ се уште го нема и Франк Кеси. Доаѓањето на интернационалецот од Брегот на Слоновата Коска е најавено до крајот на оваа седмица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

