Проблем за Милан: Леао се уште не е „фит“

Лекарскиот тим на Милан не успеа во зацртаната цел – целосно да го рехабилитира Рафаел Леао за време на репрезентативната пауза, за португалскиот ас да му биде на располагање на тренерот Алегри за продолжението од оваа натпреварувачка сезона.

Португалецот се повреди на куп-дуелот со Бари пред самиот старт на Серија А, не настапи на првите два меча со Кремонезе и Лече, а „росонерите“ се надеваа дека тој ќе биде во комбинација за неделниот дуел со Болоња. Сепак, фактичката ситуација е поразлична од очекувањата, Леао се уште не почнал да тренира со полна пареа со остатокот од тимот, така што тој според весникот „Газета дело спорт“ нема никакви шанси за настап против „болоњезите“.

Според овие информации, многу пореално е Леао да се врати на терените на 20 септември против Удинезе, и тоа како резерва во второто полувреме.

Последното засилување на Милан во летниот преоден рок, Кристоф Нкунку, влегува во посакуваниот ритам, но сугестија од лекарскиот тим е да не се ризикува со повреда, па Французинот кој дојде од Челси да одигра само триесетина минути против Болоња.

Се вчитува...