Проблем за Милан – се повреди Брахим Дијаз

Милан се соочува со нов неочекуван проблем откако Брахим Дијаз заработи незгодна повреда поради која ќе го пропушти најмалку утрешниот дуел со Фиорентина, а одличниот офанзивен играч за врска би можел и подолго време да отсуствува од терените.

Тренерот Стефано Пиоли на денешната прес-конференција потврди дека Дијаз нема да може да игра против Фиорентина, најавувајќи дека на негово место шанса ќе добие Де Кетеларе.

„Брахим Дијаз нема да може да настапи утре. Тој има истегнати лигаменти на коленото, не знаеме колку ќе изнесува паузата, но дефинитивно нема да може да настапи. Време е Де Кетеларе да покаже што знае“, изјави Пиоли.

Се вчитува...