Проблем за Миовски: Ренџерс го купи најдобриот напаѓач на Хартс

Иднината на Бојан Миовски во Глазгов Ренџерс е дополнително доведена во прашање откако шкотскиот гигант денеска го официјализираше трансферот на нов врвен голгетер.

Станува збор за Лоренс Шенкленд, шкотскиот голгетер кој доаѓа од редовите на Хартс, каде токму тој беше меѓу најзаслужните што Хартс ја заврши сезоната на второто место, губејќи ја титулата во самиот финиш од дербито во последното коло со Селтик.

Шенкленд постигна 20 гола во текот на целата сезона, од кои дури четири против Глазгов ренџерс што беше препорака „сино-белите“ да го доведат во своите редови.

Нема сомнеж дека тренерот Дени Рол ќе гледа на шкотскиот голгетер како на предводник на навалната линија, со што уште повеќе се компликува ситуацијата за Миовски. Македонецот го мина поголемиот дел од финишот од сезоната на клупата за резерви, ретко добивајќи шанса како стартер, а доаѓањето на Шенкленд е предзнак за дополнително намалување на минутажата на нашиот репреззентативец.

Се вчитува...