Близнаците Стојановски ќе почекаат уште малку за својот прв заеднички натпревар во дресот на МЗТ Скопје, откако Дамјан заработи повреда на синоќешниот дуел со Куманово.
Војдан не беше во составот во Куманово и своето деби за „металците“ ќе го има на претстојниот турнир во АБА2-лигата, но речиси сигурно е дека тренерот Радуловиќ за овие натпревари нема да може да смета на капитенот Дамјан Стојановски.
Според информациите од таборот на „металците“, станува збор за повреда на скочниот зглоб, чија сериозност ќе биде утврдена по денешните детални лекарски прегледи. Во секој случај, за очекување е Дамјан Стојановски да го пропушти претстојниот турнир од АБА2, а останува да се види дали тој ќе биде „фит“ за завршниот турнир од Купот на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА