Наполи се соочува со голем проблем откако остана без услугите на првиот голман Алекс Мерет. Тој заработи повреда на дербито против Јувентус по што мораше да биде заменет, а по деталните прегледи се воспостави дека станува збор за потешка повреда.
Станува збор за проблеми со адукторот, а според прогнозите ќе отсустува од терените најмалку еден месец.
„Алекс Мерет помина дијагностички прегледи во болницата „Пинета Гранде“ во понеделник. Тестовите покажаа дека станува збор за истегнување од втор степен на адукторот на левата нога. 27-годишниот голман веќе започна процедури за рехабилитација“, соопшти Наполи.
Очекувањата се дека Мерет ќе ги пропушти средбите против Палермо во Купот на Италија, како и оние против Монца, Комо, Емполи и Лече во лигашкото првенство, но и дека ќе биде подготвен за дербито со Милан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА