Проблем за Пао: Нан неизвесен за дуелот со Фенербахче

Најдобриот кошаркар на Панатинаикос, Кендрик Нан би можел поради повреда да го пропушти натпреварот против Фенербахче закажан за во вторник со почеток од 18 часот и 45 минути.

Според информациите од Грција, Американецот заработил повреда на левиот зглоб за време на тренинзите на атинскиот клуб во Турција по што дополнително ќе помине низ детални прегледи.

Со тоа останува неизвесен за натпреварот против турскиот тим и конечна одлука за негов настап ќе биде донесена непосредно пред почетокот на средбата.

Добра вест за Панатинаикос е тоа што подготвен за враќање е Чеди Осман кој се очекува да биде дел од тимот во утрешната средба.

Се вчитува...