Договорот на Кевин Пантер со Партизан истекува на крајот на сезоната по што се чини дека белградскиот гигант ќе има тешка задача да го задржи капитенот во иднина. За Американецот се заинтересрани неколку европски гигант меѓу кои и Панатинаикос кој во новата сезона ќе влезе со голем буџет и големи планови.
На клупата на тимот од Атина ќе седне Ергин Атаман, а Пантер е топ мета на турскиот стратег. Тој ќе биде во центарот на тимот и очекувањата се дека ќе му биде понуден богат повеќегодишен договор, пренесуваат грчките медиуми.
Шесткратниот шампион на Евролигата има три разочарувачки сезони во низи, но се чини дека славните времиња од следната сезона ќе се враќаат во арената „Никос Галис“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА