Проблем за Пелистер – се повреди капитенот Ивановски

Екипата на Пелистер се соочи со неочекуван проблем пред продолжението на сезоната откако капитенот и најдобар напаѓач во тимот, искусниот Мирко Ивановски, заработи незгодна повреда. Станува збор за повреда на мускулот, точото време на рехабилитација не е познато, но тешко е да се очекува Ивановски да се врати на терените до крајот на овој месец.

„Нашиот капитен Мирко Ивановски заработи микро руптура на левиот лист и извесен период ќе биде надвор од терените. Му посакуваме брзо закрепнување“, објави ФК Пелистер.

„Зелено-белите“ имаат скор од две победи и два пораза на стартот од сезоната, а „пелистерци“ до крајот на септември ги очекуваат домашни дуели со Аресими и Башкими, како и гостувања против Струга ТЛ.

Се вчитува...