Проблем за ПСЖ – се повреди Марко Асенсио

ПСЖ се соочува со нов проблем пред продолжението на сезоната откако Марко Асенсио заработи повреда при настапите за репрезентацијата на Шпанија. Тој се повреди на дуелот со Грузија што Шпанците го добија со 7-1, потоа не настапи на вториот септемвриски меч на „црвената фурија“, а шпанките медиуми тврдат дека повредата не е нималку наивна.

Асенсио се врати назад во Париз и додека шпанските лекари препорачуваа пауза од најмалку еден месец, медицинскиот тим на ПСЖ е убеден дека паузата ќе биде нешто пократка.

Во секој случај, крилниот офанзивец ќе ги пропушти наредните две средби од француското првенство против Ница и Олимпик Марсеј, како и премиерниот меч од ЛШ, на домашен терен против Борусија Дортмунд.

Марко Асенсио сезонава настапи на три натпревари во француското првенство за новиот клуб, притоа постигнувајќи два гола во дрессот на „светците“.

Се вчитува...