Проблем за Раул: Србија без еден од најдобрите ракометари на ЕП

Раул Гонзалес се соочува со сериозни проблеми пред првото големо натпреварување како селектор на Србија, откако „ел команданте“ остана без еден од клучните играчи во српскиот национачен тим.

Милош Кос, кој требаше да биде стартен лев бек на Србите на ЕП во Хернинг, не успеа да се рехабилитира навреме од повредата, по што по консултациите со лекарскиот тим беше одлучено тој да го напушти репрезентативниот табор и да се врати назад во својот клуб, бундеслигашот Ерланген.

„Еве ме во воз, се враќам за Ерланген. За жал, нема да можам да играм на ЕП 2026. Се обидов да се  опоравам, но едноставно не оди – имам модрица на коската на зглобот што никако не зараснува и ми прави проблеми цела сезона“, истакна Милош Кос.

Во отсуство на Кос, се очекува прва опција на Раул Гонзалес како лев бек да биде ракометарот на Алкалоид, Урош Борзаш.

Србија исто како и Македонија своите натпревари во првата фаза ќе ги игра во дански Хернинг, каде за ривали во групата ќе ги има селекциите на Германија, Шпанија и Австрија.

Се вчитува...