Централниот дефанзивец на Реал Мадрид, Едер Милитао, има скинато влакна на мускулот на десниот бут, што е загрижувачко, објавуваат дел од шпанјските медиуми. Тој ја добил повредата за време на пријателскиот натпревар на Бразил против Тунис (1:1), кој се одигра синоќа во Лил.
Дефанзивецот ќе пристигне во Мадрид денес и веднаш ќе биде подложен на тестови. Можно е да биде надвор од терените неколку недели.
Ова е прва повреда на Милитао оваа сезона, но доаѓа во време кога надвор од теренот се и Даниел Карвахал, Антонио Рудигер и Аурелиен Чуамени, кои можат да дејствуваат и во одбраната.
До крајот на месецот, Реал Мадрид има натпревари против Елче, Олимпијакос и Жирона, а бразилскиот стопер ризикува да ги пропушти сите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

