Проблем за Роналдо: Остана без пет милиони евра поради Манчестер Јунајтед

Кристијано Роналдо оваа сезона се врати во редовите на Манчестер Јунајтед во сензационален трансфер од редовите на Јувентус, но португалскиот ас не успеа да му помогне на тимот од „Олд Трафорд“ да стигне до трофеј и во петтата сезона во низа.

Поради тоа еден од најдобрите фудбалери на денешницата ќе остане и без пет милиони евра колку што предлагаат бонусите во неговиот договор. А, и покрај тоа што оваа сума можеби е и незначајна за мега-ѕвездата, со оглед на тоа што за остварување на трансферот мораше да се согласи и за помала плата во однос на таа од Јувентус, јасно е дека „враќањето дома“ скапо ќе го чини.

Од нив 2.5 милиони евра беа предвидени за настап во финалето на Лигата на Шампионите, дополнителни 1.5 милиони евра за освојување на Премиерлигата, а останатите 1.5 во однос на Куп натпреварувањата.

Се вчитува...