Шпанската репрезетнација се соочува со огромен проблем откако левиот бек Хосе Луис Гаја заработи повреда на последниот тренинг пред заминувањето во Катар за настап на Светското првенство.
Првите лекарски прегледи не наговестуваат позитивни вести за капитенот на Валенсија кој има истегнување на глуждот на десната нога.
Деталните лекарски прегледи ќе откријат колкава е сериозноста на повредата и дали тој вооошто ќе биде во комбинација за настап на Мундијалот, а подготвена е и неговата замена во фудбалерот на Барселона, Алехандро Балде, 19-годишникот кој неодамна потпиша договор со каталонците кој му донесе и откупна клаузула од пола милијарда евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА