Шпанскиот селектор Алберт Селадес на денот на одигрување на премиерниот меч на ЕП, против селекцијата на Македонија, се соочи со проблем откако мораше да го избрише од својот список Алекс Грималдо.
Левиот бек од школата на Барселона се мачеше со незгодна повреда, лекарите убедуваа дека тој ќе биде „фит“ за стартот на ЕП, но Селадес го загуби трпението и реши да го тргне овој талентиран дефанзивец од својот список.
На негово место дополнително повикан е играчот од средниот ред на Вилјареал, Родри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА