Проблем за Сити пред дербито со Арсенал: Се повреди Халанд

Фудбалерите на Манчестер Сити, вчера го совладаа тимот на Астон Вила, но најголема грижа претставува повредата на првиот стрелец Ерлинг Халанд.

Норвешкиот фудбалер наводно го повредил бутот, па мораше да го заврши мечот уште после првото полувреме. Околу ситуацијата со Норвежанецот, зборуваше и тренерот Пеп Гвардиола пред дербито со Арсенал.

„Доби силен удар и не се чувствуваше добро. Не сакавме да ризикуваме, и затоа го повлековме. Ќе направиме провенка во следните денови. Со малку среќа ќе биде подготвен за Арсенал, но ќе видиме“, рече Гвардиола.

Се вчитува...