Тотенхем по елиминацијата од ЛШ погледите ќе ги насочи кон Премиер-лигата, а битката за место во ЛШ ќе биде уште повеќе отежната по денешната повреда на Хари Кејн.
Најдобриот фудбалер на „спарси“ настрада уште во првото полувреме од дуелот со Бурнемаут, откако по едно длабочинско додавање успеа да ја смести топката во мрежата, но голот беше поништен поради офсајд. Веднаш по самиот шут на Кејн налета домашниот голман Беговиќ, имаше контакт во пределот на скочниот зглоб по кој англискиот репрезентативец остана да лежи на теренот.
По укажаната лекарска помош Хари Кејн се упати кон соблекувалните, а во текот на утрешниот ден ќе има повеќе информации колку ќе изнесува неговата пауза од терените.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА