Челси во новата сезона влегува во нова ера со нов газда, а се чини дека првата сезона на Американецот Тод Бејли на чело на клубот нема да биде нималку идеална. „Сините“ се мачат да стигнат до посакуваните засилувања, а притоа не можат ни да ги продадат отпишаните ѕвезди.
Како што пренесуваат англиските медиуми, на отписната листа на Томас Тухел се наоѓаат Мичи Батшуаји, Кенеди, Маланг Сар, Рос Баркли, Тимо Вернер и Кепа Аризабалага, но за нив постои мал или воопшто не постои интерес.
Притоа проблем за Челси останува стоперската позиција од каде заминаа Антонио Рудигер и Андреас Кристенсен, а и покрај тоа што беше доведен Кулибали, преговорите со Кунде и Кимпбембе не се одвиваат во посакуваното темпо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

