Проблем за Вардар: Се повреди Скубе, нема да игра со Мотор

Тренерот на Вардар, Давид Писонеро, се соочува со нов проблем на стартот од сезонава по повредата што ја заработи Сташ Скубе. Словенечкиот интернационалец се повреди на еден од последните тренинзи на „црвено-црните“, па тој нема да патува со тимот на утрешното гостување во Украина против Мотор во рамките од СЕХА-лигата. Во таборот на Вардар се надеваат дека Скубе ќе може да се рехабилитира навреме за да настапи на премиерниот меч од ЛШ против Монпелје на 15 септември.

За Украина нема да патува ниту голманот Гедбан, поради проблеми со вадењето на виза за влез на Алжирецот во Украина. Во тимот на Вардар за средбата со Мотор отпатуваа младите Мартин Карапалевски, Марко Кизаќ и Дејан Кукуловски.

„Ова ќе биде прв сериозен тест за Вардар, совршен натпревар за гостување во СЕХА лигата против многу добар ривал. Ако сакаме добар резултат, треба да дадеме се од себе. Трениравме напорно и мислам дека ни требаат квалитетни натпревари. Мислам дека играчите и екипата се подготвени за вакви натпревари и со нетрпение чекаат да излезат на теренот“ – истакна Писонеро.

 

Се вчитува...