Баерн Минхен вечерва гостува во Дортмунд, кај Борусија, а за тимот доаѓа непријатна вест со ситуацијата околу Алфонсо Дејвис. Играчот кој е пред заминување од Минхен и преселба во Реал Мадрид се соочил со проблем во четвртокот наутро.
Тој во средата навечер се одлучил да излезе со своите пријатели, а после тоа седнал зад воланот да замине дома. Но, на пат кон својот дом бил сопрен од полицијата, и фатен како управува под дејство на алкохол.
Според германските медиуми, веднаш му ја одземале возачката дозвола, и добил висока казна. Меѓутоа не бил приведен, како што наложува законот во Германија, туку неговиот пријател со кого бил во автомобилот, бил трезен и го одвезол до домот.
Сепак, тој се појавил подоцна на тренинг, и е во комбинација за вечерашниот натпревар за својот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА