Проблеми без граници: Коронавирус и во Милан

Коронавирусот создава се поголеми проблеми на тренерите во фудбалска Италијиа, откако денеска и Милан објави дека има двајца фудбалери позитивни на Covid-19. Вообичаените тестирања пред секој натпревар донесоа разочарувачки резултати за „росонерите“, откако Анте Ребиќ и Раде Круниќ добија вест дека се позитивни и морааат експресно да заминат во самоизолација. Хрватскиот напаѓач и српскиот играч за врска дефинитивно отпаѓаат од комбинација за вечерашното дерби против Јувентус.

„Анте Ребиќ и Раде Круниќ добија позитивни резултати на последните тестирања пред мечот со Јувентус. Двајцата фудбалери не чувствуваат симптоми, но веднаш заминаа во самоизолација во своите домови“, објави Милан на официјалната веб-страница.

Само за потсетување, тренерот Пиоли за овој меч нема да може да смета ниту на суспендираниот Тонали, како и на повредените Ибрахимовиќ, Бенасер, Габија и Селемакерс.

Поради коронавирус на вечерашното дерби ќе отсуствуваат и двајца првотимци на Јувентус, Алекс Сандро и Хуан Квадрадо.

Се вчитува...