На главоболките на Јирген Клоп со повредите во Ливерпул како да им нема крај откако на долгата листа се приклучи и Алисон Бекер.
Бразилецот не бранеше на последниот дуел со Брентфорд, Клоп немаше одговор кога Бекер пак ќе застане на голот на својот тим, но бразилскиот селектор Доривал Жуниор во изјава во татковината обелодени дека проблемот е сериозен и тој ќе отсуствува најмалку еден месец од терените.
Бразилците на крајот од март ќе играат пријателски средби со Англија и со Шпанија, за кои Жуниор воопшто нема да го повика Бекер во репрезентацијата.
„Некои репрезентативци, како што се Алисон, Куња, Жоао Педро и Нејмар нема да можат да играат во овој период и нема да бидат повикани за Англија и Шпанија“, изјави Доривал Жуниор за „ТНТ Спортс Бразил“.
Ливерпул вечерва го пречекува Лутон, меч за кој Јирген Клоп покрај Бекер нема да може да смета ниту на Александер Арнолд, Џонс, Тијаго Алкантара, Бајчетиќ, Собослаи и Жота. Згора на тоа, неизвесни за настап се Салах и Дарвин Нуњез, кои би можеле да бидат чувани за финалето на Лига-купот против Челси што е на програмата претстојниот викенд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА