Јирген Клоп не може да крене глава од проблеми, Ливерпул игра катастрофално на стартот од сезонава, а се поголеми се главоболките и кога станува збор за повредите на стандардните првотимци.
Луис Дијаз заработи тешка повреда и ќе биде „во аут“ до 2023 година, а на дербито со Арсенал се повредија уште двајца стандардни првотимци, и тоа дефанзивците Жоел Матип и Трент Александер Арнолд. Десниот бек Арнолд беше повлечен од игра на полувремето по повредата на скочниот зглоб по стартот на Мартинели, додека Матип беше заменет во вториот дел поради болки во мускулот.
Деталните прегледи покажаа дека повредите не се наивни и лекарска препорака е двајцата да отсуствуваат најмалку по 15 дена од тренинзите на Ливерпул. Ова значи дека двајцата ќе го пропуштат дуелот со Глазгов Ренџерс во ЛШ, како и следните две премиерлигашки пресметки, со Манчестер Сити и со Вест хем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

