Проблеми без граници во Реал: Се повреди и Родриго

Проблемите на Алваро Арбелоа од ден на ден стануваат се поголеми, Реал Мадрид се мачи да влезе во победничка серија, а згора на тоа листата на повредни фудбалери од ден на ден е се поголема.

Килијан Мбапе ќе отсуствува до крајот на месец март од терените, а проблем плус за „кралевите“ е повредата на уште еден напаѓач во тимот. Бразилецот Родриго настапи на синоќешниот пораз од Хетафе, но одличниот офанзивец се пожалил на болка во пределот на коленото.

Се уште се очекуваат резултатите од деталните лекарски прегледи, но речиси сигурно е дека Родриго нема да настапи викендов против Селта, а крајно неизвесен е и неговиот настап на првиот дуел од двомечот во ЛШ со Манчестер Сити.

Особено проблематичен за Арбелоа е мечот против Селта ако се знае дека покрај повредените Мбапе, Белингем, Милитао, Асенсио и Родриго, во тимот поради суспензија ќе ги нема ниту Хујсен и Мастантуоно, а крајно неизвесен е и настапот на Давид Алаба.

Се вчитува...