Барселона не да крене глава од проблеми со повредени фудбалери од самиот старт на сезонава, на долгата листа на отсутни играчи се менуваат стандардни првотимци, тренд што продолжи и на вчерашниот дуел од Супер-купот на Шпанија против Осасуна.
Педри, кој веќе пропушти 15 средби сезонава поради две повреди на мускулите, се врати во тимот за дуелот со Осасуна, но затоа Чави остана без нов првотимец откако Рафиња остана да лежи на теренот. Бразилецот го повреди мускулот пред крајот на полувремето, веднаш стана јасно дека нема да може да продолжи, за нови главоболки на Чави.
Првите прогнози велат дека крилниот офанзивец нема да може да се рехабилитира најмалку еден месец.
Згора на тоа, Ињиго Мартинез влезе во игра и осум минути подоцна самиот побара да биде заменет, за обновување на старата повреда на овој фудбалер, кој исто така никако не успева да влезе во натпреварувачки ритам поради серијата повреди откако дојде во клубот од редовите на Атлетик Билбао.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

