Проблеми без граници за Италија пред баражот

Како што се приближува „денот Д“ на одигрување на баражот против селекцијата на Северна Ирска, така се поголеми стануваат главоболките на италијанскиот селектор Џенаро Гатузо.

Предводникот на „аѕурите“ поради повреди воопшто не повика петмина стандардни фудбалери, утрово беше обелоденето дека ниту Киеза нема да може да му помогне на националниот тим, а првиот тренинг донесе и нови проблеми за стручниот штаб.

Политано од Наполи, кој во периодот на криза на крилните позиции беше најавуван како стартер, го преседе тренингот крај аут-линијата жалејќи се на болка во мускулот. Бастони, кој е предводник на одбранбената линија, почна само со лесни тренинзи откако во изминатите десетина дена пропушти неколку средби на Интер.

Италијанските медиуми најавуваат дека шансите за настап на Бастони против Северна Ирска се минимални, но доколку Италија слави асот на Интер би можел да настапи во клучниот меч за билет на СП, против победникот од дуелот Велс – БиХ.

Се вчитува...