Проблеми без граници за Милан: Мењон доби суспензија за навреда кон судиите

Катастрофална е атмосферата во таборот на Милан по трите порази во низа во Серија А, надополнети и со елиминацијата од ЛШ од тимот на Феенорд.

Згора на тоа, „росонерите“ на следниот меч против Лече ќе бидат без услугите на капитенот и прв голман на екипата, Мајк Мењон, кој заработи суспензија поради своето однесување по завршувањето на натпреварот со Лацио, што Милан го загуби со пенал во судиското продолжение.

Токму голманот го направи прекршокот по кој Педро го постигна победничкиот гол за Лацио, Мењон остана на теренот, но по последниот свиреж следеше и жестока караница што била заведена во официјалниот записник. Токму поради тоа, денеска беше објавено дека францускиот голман е казнет со еден меч суспензија, како и со парична казна од 15.000 евра за своето однесување на неделниот дуел на „Сан Сиро“.

Се вчитува...