Проблеми без граници за Милан: Повторно одложен камбекот на Мењан

Милан мака мачи со повреди на дел од клучните фудбалери, а тренерот Стефано Пиоли има нова причина за загриженост откако повторно беше одложен камбекот на првиот голман Мајк Мењан.

Францускиот интернационалец нема брането од 18 септември, повредата на коленото неколку пати му се компликуваше, но Пиоли се надеваше дека тој ќе може да се врати во тимот на почетокот од 2023 година. Не само што тоа не се случи, туку најновите прегледи покажаа дека Французинот не е ниту блиску до камбек и дека Пиоли нема да може да смета на првиот голман најмалку до крајот на овој месец.

Ова значи дека Мењан ќе го пропушти и првиот осминафинален меч од Лигата на Шампионите против Тотенхем, а прашање е дали ќе биде подготвен за реваншот кој е закажан за 8 март.

Се вчитува...