Стефано Пиоли не може да крене глава од проблеми со составот на Милан за време на оваа репрезентативна пауза. Голманот Маињан ќе мора да биде опериран и ќе отсуствува најмалку 15 дена, а тренерот на „росонерите“ денеска остана и без услугите на Тео Хернандез, кој беше позитивен на коронавирус по враќањето од репрезентативните обврски.
Раководството на Милан денеска ја потврди оваа информација, обелоденувајќи дека фудбалерот не чувствува никакви симптоми, но сепак следните денови ќе ги мине во самоизолација.
Хернандез ќе ги пропушти следните два меча на Милан, против Верона во Калчо-лигата и против Порто во Лигата на Шампионите. Се очекува неговото место во тимот на овие средби да му припадне на Бало Туре, кој летово пристигна на „Сан Сиро“ од таборот на Монако.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА