Резултатската криза на Наполи би можела да се продлабочи и веднаш по репрезентативната пауза, ако се земе во предвид и се поголемиот број на повредени играчи на „наполитанците“.
Ангиса се повреди пред неколку дена и ќе паузира најмалку три седмици, а дополнителен проблем е што на листата на повредени од синоќа се најде и најдобриот стрелец на Наполи, Виктор Осимен. Одличниот голгетер настрада за време на пријателскиот меч меѓу Нигерија и Саудиска Арабија, се обиде да продолжи по добиениот удар во ногата, но на крајот самиот побара да биде заменет во 55. минута. Ова е нов малер за Осимен кога настапува заНигерија, ако се знае дека голгетерот заработи тешка повреда на рамото во ноември 2020, по што мораше да паузира повеќе од два месеци од фудбалските терени.
Се очекува Осимен викендов да се врати назад во Неапол и врз него да бидат извршени дополнителни прегледи, по што ќе биде познато кога тој ќе може повторно да се врати на терените.
Притисок врз „наполитанците“ е огромен по слабиот старт на сезоната, па се очекуваат максимални шест бода во наредните две средби со Верона и со Милан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

