Проблеми без граници за Сари и Лацио

Маурицио Сари никако не успева да најде начин да го извлече Лацио од резултатската криза, а проблемите на искусниот стратег уште повеќе се зголемија по повредата што ја заработи првиот голман Иван Проведел.

Одличниот чувар на мрежата важи за најдобар играч на „лацијалите“ сезонава, па јасно е зошто сите во римскиот клуб се загрижени откако тој мораше да биде заменет во финишот од синоќешниот пораз со Удинезе. Проведел се жалеше на болка во скочниот зглоб и не можеше да го доврши мечот со Удинезе, а италијанските медиуми информриаат дека состојбата денеска воопшто не е подобрена.

Деталните прегледи ќе покажат колку ќе биде долга паузата на голманот, а првите прогнози се дека тој сигурно ќе паузира до крајот на месец март, можеби и цел месец април.

Поразот на домашен терен од Удинезе беше вкупно 12. за Лацио во Калчо-лигата сезона, по што римскиот клуб заостанува огромни 11 бода зад Топ 4, пласманот кој води во ЛШ следната сезона.

Претседателот Клаудио Лотито во јавноста отворено му искажува поддршка на тренерот Сари, но не се исклучува можноста ако не биде прекината црната серија за време на репрезентативната пауза да дојде до смена на кормилото на римскиот клуб.

Се вчитува...