Марсел Сабицер, еден од најдобрите играчи на Борусија Дортмунд во минатата сезона, во овој шампионат не блеска. Повеќе се наоѓа на клупата за резерви отколку на теренот.
Сега германските медиуми јавуваат за караница помеѓу него и тренерот Нури Шахин. Како што пренесуваат, наводно тренерот се скарал со играчот после натпреварот против Бриж во Лигата на шампионите.
Сабицер после тоа имал разговори со шефовите на тимот, а тоа резултирало со оставање на клупата на фудбалерот на следните три меча.
Сабицер играш за Баерн Минхен и за Манчестер Јунајтед, а дојде во Дортмунд пред почетокот на минатата сезона. Беше ставен во најидеалниот тим во Лигата на шампионите, каде Борусија Дортмунд минатата сезона сензационално стигна до финалето и загуби од Реал Мадрид со 2-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА