Македонската кошаркарска репрезентација со бројни проблеми ги минува кратките подготовки за клучниот натпревар против Романија од претквалификациите за Евробаскет 2021.
Без помошта на Костовски, се поизгледно и без повредениот Бојан Трајковски, а згора на тоа цели скопски подготовки и без Ричард Хендрикс во тимот, селекторот Давитков ќе има тешка задача да експериментира со „шарен тим“ предводен од браќата Стојановски, но и со неколку кошаркари кои добиваа минимална минутажа во овие претквалификации.
Проблеми колку сакаш, но карактерот се покажува кога е најтешко, па така се очекува и нашите репрезентативци, без оглед на тоа со каков тим ќе излеземе на терен во Плоешти, да ја продолжат серијата добри игри од овој претквалификациски циклус. За уште еднаш да потврдат дека местото им е меѓу најдобрите 32 селекции во Европа, кои во главните квалификации ќе водат битка за 24-те места за Евробаскет 2021.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА