Проблеми никогаш повеќе, но желбата е голема – со срце за Македонија (фотогалерија)

Кошаркарската репрезентација на Македонија попладнево ги стартуваше подготовките за квалификацискиот двомеч со Литванија, исклучително важен за битката за место на Евробаскет 2025.

За жал, токму за овие пресметки селекторот Јончевски се соочува со огромни проблеми, па така Литванците во Скопје в четврток ќе ги пречекаме без натурализиран играч (Шортс не доби дозвола од Париз, а Хап е повреден), ќе го немаме ниту најдобриот македонски играч Ненад Димитријевиќ, а згора на тоа плејмејкерската позиција ќе биде дополнително ослабена со неиграњето на Магдевски.

И покрај сите проблеми, во националниот тим владее позитивна атмосфера, а сите присутни, предводени од најискусните Војдан и Дамјан Стојановски се решени да дадат се од себе во обидот да се стигне до позитивен резултат. Едно е сигурно, желба нема да изостане ниту во Скопје ниту в недела во Клаипеда, а останува надежта дека со добра игра ќе стигнеме до барем една победа со која би си ги задржале шансите за пласман на европскиот шампионат.

Се вчитува...